(Видео) Статуа на Богородица Марија лее солзи што мирисаат на роза

За време на една миса во католичка црква од статуата на Богородица Марија почнале да течат солзи. Нејзините солзи мирисале на роза.

Верниците чудото за првпат го забележиле во неделата во црквата „Госпа Гвадалупе“ во Ново Мексико. Пасторот на црквата изјавил дека вниманието најпрвин му го одвлекол еден верник, а потоа забележал поголема група како ги бришат солзите на статуата на Богородица Марија, а таа продолжила да плаче, пишува „Дејли мејл“.

„Тогаш видов дека таа навистина плаче. Мислам дека ова е потсетник да бидеме поблиску до Бога и да престанеме да бидеме насилни“, изјавил пасторот отец Хосе Пепе Сегура.

Верниците се сигурни дека виделе чудо, а според нивните зборови, солзите на Богородица Марија мирисале на роза. Во црквата се собрале верници од сите краишта на Ново Мексико за да бидат сведоци на чудото.

Питер Мекдоналд изјавил дека неговите пет деца отсуствувале од училиште за да ја видат Богородица како плаче.
„Неверојатен благослов е да се биде тука и да се види ова чудо. Ова е неверојатно“, изјавил тој.

Солзите на Богородица Марија се испратени на тестирање, а црквата била затворена четири часа, додека надлежните ги собирале примероците.

Статуата ќе биде прегледана, ќе бидат испрашани голем број  сведоци, а ќе се истражи и како истата била направена. Овој процес би можел да трае со години. Без оглед на тоа какви резултати ќе добијат надлежните, верниците веруваат дека присуствувале на чудо.

Црквата ќе биде отворена сè додека верниците пристигнуваат да ја видат статуата што плаче.

 

Scroll to Top