За време на вчерашното рочиште во Основниот суд во Белград беше продолжено судењето за раперот Стефан Џуриќ Раста поради нападот што го изврши врз Слободан Нешовиќ Лока.
Лока на ова рочиште давал збунувачки и конфузни изјави, кои не кореспондирале со неговото прво сведочење и давање изјава во полиција. Поради тоа судијата морал да го потпрашува за да ја доведе изјавата во ред, затоа што, како што вели, била конфузна и недоречена. Поради ова реагирал адвокатот на Раста, кој го цитирал новиот закон дека право на испрашување на сведокот на обвинителството прво го има обвинителот, па потоа вкрстено испрашување од страна на бранителот, па дури потоа го испитува судијата.
„Според новиот закон, судијата го прекрши правилото“, изјавил адвокатот на Раста, Боривој Боровиќ.
Лока, кој судот го напушти неколку минути по Раста, не сакал да дава изјави за медиумите.
За потсетување, раперот Раста се товари дека на 18 април минатата година го нападнал Слободан Нешковиќ, по што бил приведен во полициска станица.