Драматичната слика во паркот Сан Хуан во американската сојузна држава Вашингтон ја забележал фотографот Кевин Еби, на која белоглав орел се обидива да украде зајак од устата на младата лисица.
По неколкуминутната борба неколку метри во височина, на орелот на крајот и му успеа да го украде пленот.
„Орлите не сакаат да трошат премногу време во пронаоѓање храна и ја користат секоја можност да ја украдат“, објаснила Кевин на својот блог. Сепак, борбата била многу подраматична отколку што се очекувало.
„На мое изненадување, сцената била доста драматична. Мислев дека лисицата само ќе го испушти зајакот и ќе му послужи на орелот лесна вечера. Наместо тоа, следела борба на околу пет метри висина, во која ниту една страна не сакала да се откаже“, вели Еби.
Но, лисицата на крајот сфатила дека оваа борба не може да ја добие и се откажала, а орелот ја фрлил на земја.