Моделот Криси Тиген, сопруга на поп-ѕвездата Џон Леџенд ја објави првата заедничка фотографија од својата ќерка Луна и новородениот син Мајлс, кој има само 15 дена.
Криси на „Твитер“ на 17 мај објави дека таа го родила второто дете и брзо потоа ја сподели првата фотографија од бебето. Криси и Џон се во брак од 2013 година, но не кријат дека долго време се бореа со неплодност. Тие признаа дека двете деца ги добија со ин витро оплодување.