Свештеникот Џес Дуплантис ги бранел своите ставови за поседување приватен млазен авион со зборовите дека комерцијалните авиокомпании се преполни со демони кои му стојат на патот на неговиот пренатрупан распоред.
Американскиот евангелистички свештеник Џес Дуплантис ги повикал своите верници да соберат 54 милиони долари,за да можат да му купат приватен млазен авион. Џес веќе има три авиони.
Постои анегдота во која српскиот покоен патријарх Павле, кога ги видел луксузните лимузини во кои патријарсите доаѓале на собир им довикнал: „Среќа што сте се заколнале на скромност!“
Така и Џеси Дуплантис, евангелистичкиот проповедник од американската сојузна држава Луизијана, се досетил како да дојде до нов авион.
Дуплантис, кој проповедувал преку телевизија (за таквите проповедници во Америка постои име телевангелист), побарал од своите следбеници да соберат 54 милиони долари за да може да купи нов млазен авион.
„Знаете дека во мојот живот поседував три различни млазни авиони и дека речиси сите ги користев сè додека не ги споменав во името Божјо“, изјавил Дуплантис.
Проблемот со тие авиони, според зборовите на Дуплантис, е тоа што морале да слетаат на повеќе места за да дополнат гориво. Но, доколку верниците ја послушаат неговата молба и ги соберат бараните средства, Дуплантис би купил falcon X со кој би можел да избегне дополнителни трошоци за гориво.
„Навистина верувам дека Исус, кога денеска би одел по земјата, не би јавал магаре туку би летал на авион, проповедувајќи го евангелието ширум светот“, изјавил Дуплантис во видео обраќањето.
Неговото обраќање е објавено откако еден друг телевангелист, Кенет Коупленд од Тексас купил млазен авион galfstream 5 за 36 милиони долари.
И двајцата неодамна, во програмата на Копеланд, ги бранеле своите ставови за поседување приватни млазни авиони со зборовите дека комерцијалните авиокомпании се преполни со демони кои стојат на патот на нивните пренатрупани распореди.