Судот во Киев го одобри барањето на обвинителот за двомесечен притвор на Борис Херман, осомничениот за обид за убиство на рускиот новинар Аркади Бабченко, кој живее во самонаметнат егзил во престолнината на Украина од август 2017 година.
„Ројтерс“ го опишал Аркадија Бабченк како руски дисидент.
„Судот одговори на барањето и одобри притвор во период од 60 дена, без право на кауција“, изјавил судијата.
Борис Херман, сопственик на компанијата која произведува оружје, се појавил во судот негирајќи дека постоела намера за убиство на Бабченко.
Херман изјавил дека дејствувал во интерес на Украина, наведува британската агенција.
„Ројтерс“ тврди дека Бабченко соработувал со украинските безбедносни служби за да го излажира сопственото убиство во вторникот, а следниот ден се појавил на конференција за новинари посветена на обидот за негово убиство.