Меланија се огласи на „Твитер“, но сите мислат дека постот е на Трамп

Првата дама на САД, Меланија Трамп, која не е видена во јавност од операцијата овој месец, на социјалните мрежи возвратила на шпекулациите за нејзиното здравје и брак.

На својот твитер-профил таа напишала дека медиумите работат прекувремено шпекулирајќи каде е таа и дополнила дека е со нејзиното семејство во Белата куќа.

„Биедете убедени дека јас сум во Белата куќа со своето семејство, се чувствувам сјајно и работам вредно во име на децата и американскиот народ“, напишала Меланија.

Шпекулациите се појавија 20 дена откако за последен пат првата дама е видена со претседателот Доналд Трамп, кога ги пречекаа тројцата американски затвореници од Северна Кореја.

Белата куќа веќе ги отфрли шпекулациите за односите меѓу семејството Трамп, пренесува Би-би-си.

На „Твитер“ се појавија и коментари дека Трамп всушност го напишал твитот што се појавил на налогот на Меланија.

Белата куќа на 14 мај соопштила дека Меланија Трамп била примена во Националниот воен здравствен центар „Волтер Рид “ недалеку од Вашингтон на лечење на бенингата состојба на бубрезите.

Процедурата била успешна и немало никакви компликации, соопштиле од Белата куќа по нејзиното излегување од болницата на 20 мај.

Со оглед на тоа дека таа од тогаш никогаш не била фотографирана, почна да кружи теорија на заговор дека се преселила во Њујорк кај својот син.

Кога го прескокнала Денот на спортот и фитнесот во Белата куќа, кој на големо е промовиран од страна на поранешната прва дама Мишел Обама, шпекулациите почнале да заземаат поголем обем.

Портпаролката на Меланија, Стефани Гришем, изјавила за „Политико“ дека секогаш има теории на заговор и дека тоа не е ништо ново, туку само нови глупости.

„Меланија се чувствува одлично. Не би рекла дека отсуствувала долго. Таа беше хоспитализирана речиси недела дена и сега закрепнува“, изјавила Гришем.

 

Scroll to Top