Потребни состојки:
За тестото:
250 гр брашно
120 гр путер или маргарин
2 јајца
70 гр мелени ореви
кора од1 лимон
За филот:
1 кг кисели јаболка
120 гр шеќер
4 лажици рум
1 ванилин шеќер
125 гр слатка павлака
Начин на подготовка:
Измијте ги јаболкате, излупете ги и исечкајте ги ситно. Посипете ги со шеќерот, додајте рум и продинстајте ги додека не омекнат, па оставете ги да се ладат. Замесете го тестото и оставете го на ладно место малку да отстои. Ставете го потоа тестото во подмачкано тавче и развлечете го до дебелина од два сантиметри. Ставете го да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 30 минути. Испеченото тесто премачкајте го со подготвениот фил и вратете го тавчето во рерна да се запече 10-тина минути. Изматете слатка павлака и ставете ја врз готовата пита со јаболки.