18.000 НАТО војници се распоредија на руската граница

Во Полска и балтичките земји, денеска почнуваат воените вежби на источното крило во НАТО, во кое учествуваат 18.000 војници од 19 земји.

САД го командува мултинационалниот НАТО баталјон во Полска, додека Канада, Велика Британија и Германија е на чело на слични баталјони распоредени во соседните балтички земји, Летонија, Литванија и Естонија, каде се одржуваат овие маневри.

НАТО соопштил дека овој број на војници е еден од најголемите во Европа за американските сили, уште од периодот од крајот на Студената војна и има за цел да ги охрабри европските земји сојузници на Вашингтон на истокот, кои се загрижени поради пречестите руски маневри во близина на нивните граници и поради украинскиот конфликт.

Годишната воена вежба е наречена „Saber strike“, кој се организира по осми пат, а ќе се одржи од 3 до 15 јуни.

Маневрите се одвиваат во моментите кога Полска навести дека ја разгледува можноста да биде домаќин на постојаниот контингент на американските трупи, како што тоа го направија Германија и Италија од Втората светска војна и дека е подготвен да издвои две милијарди долари за тоа. Ваквата најава веднаш предизвикала реакција кај Москва која оценила дека ваквото распоредување во никој случај не допринесува за безбедноста и стабилноста на континентот.

САД го засилиле своето присуство на источното крило на НАТО од кога Крим се спои со Русија во 2014 година. Американската војска во мај во 2017 година воспоставила нов команден штаб во Полска, од каде управува со над 6000 војници распоредени во рамките на операциите на НАТО и САД во регионот. Поради зацврстувањето на своите воени врски со Вашингтон, Полска во март потпишала договор за купување на американскиот антиракетен систем Патриот, за 4,75 милиони долари (3.8 милијарди евра).

Русија ги осудила плановите за распоредување на тој систем во Полска и Романија, наведувајќи дека со тоа се крши стариот договор од 1987 година.

 

Scroll to Top