Гром удрил во мотоциклист на автопатот кон Солун

Мотоциклист загинал од удар на гром додека возел на автопат во близина на Солун, соопштиле во неделата грчките власти.

Полицијата навела дека 58-годишниот маж е пронајден мртов на 40-ина километри источно од Солун со дупка на кацигата, која веројатно настанала од ударот на громот.

Засега не се објавени детали за повредите на телото на мажот, но грчките власти наведуваат дека се убедени оти смртта настапила како последица на падот од неговиот мотор по ударот на громот.

Мотоциклистот возел кон Солун во услови на големо невреме.

 

Scroll to Top