(Видео) Пратеникот кој направи драма во грчкиот парламент и побегна на полицијата

Пратеникот од грчката десничарска партија Златна зора, Константинос Барбарусис, кој вчера повика на државен удар поради што е избришан од членството на партијата, не е уапсен, поради тоа што им побегнал на полицијата, по филмската потера.

Тој сега се терети, освен за предавство и за давање отпор на властите. При бегството можел да предизвика тешка сообраќајна несреќа.

Барбарусис не запрел на патот кога му сигнализирала полицијата. Тој дал гас и возел со 180 километри на час.

 

Одлуката на лидерот на грчката десничарска партија Златна Зора Никос Михалолиакос, во согласност со парламентарната група на оваа партија, пратеникот Барбарусис го избриша од членството поради неговиот изразен став во парламентот, која ја повика војската да го уапси премиерот Алексис Ципрас, министерот за надворешни работи Никос Каменос и претседателот на Грција Пркопис Павлополус.

Како што известуваат медиумите од Атина, претседателот на партијата соопштил дека изјавата на Барбарусиа не е во согласност со ставовите на Златна Зора.

Истовремено, Каменос и неговиот заменик Фотис Кувелис ќе дадат усмена жалба до Врховниот суд на Грција поради пратеникот од Златна Зора и ќе побараат од обвинителот да го гони Барбаруса во согласност со кривичниот закон.

 

 

Scroll to Top