Грчката полиција со солзавец спречила група на демонстранти кои се обиделе денеска да го попречат потпишувањето на договорот меѓу Грција и Македонија за името.
Кордонот полиција бил поставен околу селото Псарадес на грчката страна на Преспанското езеро, каде договорот беше потпишан.
Како што наведуваат медиумите, група на граѓани фрлала по полицијата и дрвата и другите предмети, а полицијата одговорила со употреба на солзавец.
Учесниците на протестот носеле транспарент на кои пишувало „Македонија е Грчка“, и „Тука завршува Северна Македонија“.
Грчките медиуми пренеле дека вкупно 80 автобуси со граѓани од Солун и северна Грција стигнале на протестите во близина на Преспанското езеро, поради што околу селото Псарадес било присутно големо полициско обезбедување, а сите патишта кон езерото биле блокирани.
На местото Псарадес на грчката страна на Преспанското езеро, денеска беше потпишан договор меѓу Грција и Македонија кој предвидува новото име за поранешната југословенска република да биде Република Северна Македонија.