Канада изгласа легализација на марихуаната за рекреативни цели, па граѓаните на оваа земја од октомври ќе може слободно да купуваат и да користат канабис. Со ова Канада стана првата држава членка на Г7 која ја легализира рекреативната употреба на марихуаната. Ова беше дел и од предизборните ветувања на канадскиот премиер Џастин Трудо.
Од 1923 година поседувањето марихуана во оваа држава се смета за криминал, ама нејзината употреба за медицински цели е одобрена од 2001 година. Канаѓаните уште од септември ќе може да купуваат марихуана од лиценцирани производители на разни локации, ама и да ја порачаат преку интернет. Со закон е одредено дека марихуана може да купуваат лица постари од 18 години.