Еден или повеќе стаорци влегле во банкомат во градот Тинсукија во североисточна Индија и изеле банкноти во вредност од 19.000 долари. Според полицискиот извештај, кога техничарите стигнале за да ја поправат расипаната машина на Државната банка на Индија која не давала пари на корисниците, во банкоматот пронашле мртов стаорец и уништени банкноти во вредност од 19.000 долари.
Стаорецот влегол во банкоматот преку дупка во задниот дел. Враборен во банката за медиумите изјавил дека се води истрага за случајот, но од банката не откриваат кој ќе ја покрие штетата.