Комичарот и глумец Расел Бренд повторно ќе стане татко. 42-годишниот Британец и неговата сопруга Лора Галагер го чекаат второто заедничко дете. Двојката се венча во 2017 година, а пред 19 месеци ја добија ќерката Мејбел.
Пред да се ожени со Лаура, Расел Бренд беше сопруг на пејачката Кети Пери. Таа пак веќе подолго време е во врска со холивудскиот глумец Орландо Блум.