Твитерџиите ги бива за се, па и за мода. Деновиве на оваа социјална мрежа хит се папарацо-фотографии од луѓе што искобинирале тренерки адидас со штикли или чевли.
„Хит за ова лето“, „Сребрени адидас за мажи со стил“, „Високи штикла и црни чорапи на адидас тренерки, се вртам ако треба и по сто пати“, се само дел од коментарите на фотографиите.