(Видео) Снимил светлина на небото за време на силна бура

Додека Американецот Соло Доло на „Фејсбук“ во живо го снимал почетокот на бурата, на небото меѓу облаците забележал  нешто што се поместува. На снимката се гледа како бурата се приближува до едно гратче во Алабама.

Соло Доло е познат по тоа што снима екстремни временски услови.

Во еден момент тој камерата ја насочува кон небото и се фокусира на светлината, белата дамка.

„Погледнете ја дупката на небото, еве кој има моќ“, вели Доло на снимката.

На видеото може да се забележат предмети расфрлани околу куќата. Доло во еден момент додека го снима видеото говори дека ја изгубиле струјата.

Еден од корисниците на „Фејсбук“ укажал на чудниот облик во облаците, кој наликувал на човечко тело. Некои изјавиле дека е во прашање Бог.

Видеото го имаат погледнато повеќе од милион луѓе откако било споделено на „Фејсбук“, а сега има повеќе од 7000 коментари.

 

Scroll to Top