Кифли со цимет и бадеми

Потребни состојки:

500 мл млеко
150 гр маргарин
12 гр сув квасец
120 гр шеќер
1 лажичка сол
1 лажичка кардамон во прав
850 гр брашно
1 јајце

Фил:

150 гр излупени бадеми
150 гр шеќер
100 гр маргарин
8 лажички цимет
4 лажици вода
шеќер за посипување

Начин на подготовка:

Топлете го млекото со маргаринот, шеќерот, квасецот, солта и кардамонот. Добро промешајте. Направете празнина во брашното и истурете ја загреаната смеса. Замесете го тестото на меко и оставете го да порасне половина час. Во блендер смелете ги сите состојки за полнење. Расукајте го тестото во форма на правоаголник. Половина од правоаголникот намачкајте го со смесата од цимет. Преклопете и притиснете го тестото. Исечете го на ленти. Секоја лента замотајте ја околу рацете и врзете ја во јазол. Оставете ги кифлите да стасуваат уште 20 минути. Кифлите премачкајте ги со јајца и посолете ги со шеќер. Печете ги 15 минути на температура од 220 степени.

 

Scroll to Top