Хрватите се пласираа во полуфиналето на Светското првенство, а нивната претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ, ја прослави победата со танц.
Но, хрватските медиуми забележаа дека Колинда седела во ВИП-ложата во друштво на капитенот на „коцкестите“ од деведесеттите години, Давор Шукер, и Дамир Врбановиќ, поранешен извршен претседател на Динамо Загреб а сега директор во Фудбалскиот сојуз, кој во јуни беше осуден на три години затвор поради обвинувањата поврзани со фудбал.
On the right next to euphoric #CRO president Kolinda Grabar-Kitarović stands Damir Vrbanović, former Dinamo executive and now the executive director of the Croatian FA. He was sentenced to three years in prison at the beginning of June on a set of football-related charges. pic.twitter.com/jEji360FEy
— Juraj Vrdoljak (@JurajVrdoljak) 9 July 2018
Многу медиуми пренесуваат дека е скандал претседател на една држава да се појави на јавно место во друштво на осуден криминалец!