Се тестира нова вакцина против ХИВ

Се тестира нова вакцина против ХИВ, пишува медицинското списание „Лансет“. Една етапа од клиничките испитувања на новата експериментална вакцина е завршена, а првите тестови покажале дека лекот е безбеден, но и дека го зајакнува имунитетот на заболениот.

Во испитувањето учествувале 400 доброволци од САД, Тајланд, и од источна и јужна Африка, на возраст меѓу 18 и 50 години. Биле користени и 72 мајмуни заморчиња. Тие биле поделени на групи. Ниту учесниците, ни организаторите до крајот на испитувањето не знаеле кој добил вакцина, а кој нешто друго. Луѓето ги примиле лекот неколкупати: на почеток на експериментот, по 12 недели, во 28-та и во 48-та недела од почетокот на инспитувањето.

Лекарите заклучиле дека лекот нема несакани ефекти кај луѓе без ХИВ вирус, а кај носителите на вирусот има значајно зголемување на антителата против вирусот и подобрување на имунитетот.

Scroll to Top