За животот на Жељко Ражнатовиќ Аркан, кој бил основач и главен командант на Српската доброволна гарда, се пишувало многу.
И по 17 години, откако беше убиен на 15 јануари во 2000 година, деталите за неговиот живот предизвикуваат голем интерес. На социјалните мрежи е објавена заедничка фотографија на митската фигура на белградското подземје, Исо Леро познат како Џамба и Жељко Ражнатовиќ Аркан во казнено-поправниот дом за малолетници во Ваљево. (последните двајца десно)
Се шпекулира дека токму зад тие решетки Аркан ја „заработил“ лузната на лицето од единствената позната тепачка која ја имал со Џамба, а за која познавачите на српското подземје тврдеа дека никогаш не му ја простил. Џамба се уште се води како исчезнат, зошто никогаш не е пронајдено неговото тело.
Исо Леро ја минал истата школа во бокс како и прочуениот припадник на белградското подземје, Љуба Земунац. Иако бил висок едвај 170 сантиметри и тежок 70 килограми, тој бил необјасниво силен. Велат дека никој не сакал да се тепа по затворите со него, кој па најмногу ќотек добивал од чуварите, затоа што никогаш на ниту еден од нив не сакал да им се покори. Во странство се дружел и работел со познатиот криминалец Ѓорѓе Божовиќ Гишка, а подоцна во Белград станал голем пријател на уште еден познат „брат по криминалот“, Александар Кнежевиќ – Кнеле.
Уште се прераскажуваат нивните долгогодишни дружења, кога со своите „екипи“ сите заедно летувале и доминирале во Будва во деведесеттите години од минатиот век. Џамба познат како „кралот од Дорчол“ бил урбан лик. Се дружел со познати актери и пејачи. Пишувал песни, а многу од нив ги отпеал неговиот брат од тетка, прочуениот Џеј.
„Легендите од деведесетите“ објавија фотографија на која се крие едно познато лице од белградското милје. На неа се Александар Вулиќ и Исо Леро Џамба.
Вулиќ го опишуваа како непредвидлив и незгоден тип. Каков бил Вулиќ од мали нозе, говори и приказната раскажана од неговиот другар, дека како деца купувале петарди за Нова година, и додека другите ги палеле и фрлале, Вулиќ цврсто ги држел се додека не му експлодирале во раката. Од тогаш му фалел дел од прстот.
Поради кражбите, Џамба уште како малолетник завршил во затвор. Тој им бил адвокат на момците од подземјето, а паралелно со „правната дејност“ пишувал и песни. Секоја од нив задолжително им ги читал на дежурните командири во затвор. Тоа биле љубовни песни, од кои многу ги има отпеано Џеј, неговиот братучед.
И двајцата пораснале заедно во ист двор и улица во стариот дел на Белград, населбата Дорчол. Александар Вулиќ бил во екипата со Младен Ѓуриќ, за која се зборува до ден денес.
Тоа биле силни жестоки момци кои повремено го тепале Кристијан, но и Кнеле и тоа пред Јерковиќ. Кнеле бил „во војна“ со Вулиќ и Ѓуриќ, па дури имало ситуации каде пукале едни на други, но кога Џамба го замолил својот другар Кнеле да ги закопаат секирите, поради тоа што тие почнуваат да работат за него, тој ветил дека нема да ги допре, само да не му излегуваат пред очи и да не го провоцираат.
Интересно е дека во предизборната кампања во 1993 година, претседателот на радикалите Војислав Шешељ, тврдел дека има несоборливи докази дека Аркан го организирал убиството на Исо Леро. Шешељ дури и јавно проговорил дека има сведоци, очевидци на убиството на Џамба.
По изборите, претседателот на радикалите како да заборавил на сите докази. ССЈ на Аркан, подигнала тужба против Шешељ, но и тоа набрзо било заборавено. Месец дена по исчезнувањето на Џамба, убиен е и Александар Кнежевиќ. На денот на погребот на Кнеле, Џеј имал концерт и пред 35.000 луѓе рекол дека следната песна која ќе ја напише неговиот брат Џамба, ќе му ја посвети на пријателот Кнеле.
Тоа кобно утро на 23 септември 1992 година, Џамба стигнал во коцкарницата на шестиот кат на „Белграѓанка“, која тогаш ја обезбедувала агенцијата „Делии“, а чиј сопственик бил Аркан. Веќе на излезот од лифтот, Џамба наводно се пресметал со вратарите. Не сакал да плати влезница, а по кратката пресметка, плукнал на сликата на командантот на Српската доброволна гарда, Аркан.