Гордиот сопственик на ламбурџини сакал да се пофали со својот миленик, а потоа направил голема грешка.
Додека се возел низ улиците на Флорида, луѓето со воодушевување го гледале возилото. Тој дозволил да го сликаат, а потоа излегол од него, но наместо само да позира, тој понесен од атмосферата, одлучил да скокне на предното стакло.
Истата секунда кога скокнал, стаклото пукнало, а младиот возач не бил премногу загрижен за цената за поправка, туку само продолжил да се слика.