Бесконтактните картички се најмодерното средство за плаќање. Иако во голем број случаи знаат да ве извадат од случаите со безбројните обиди да го погодите пинот и чекањето во ред или кога брзате, сепак тие носат и огромен ризик.
Тоа го докажа Мајк Ли, кој направил снимка на која се гледа колку е лесно да се украдат пари од бесконтактните картички.
Видеото го објавил на социјалните мрежи. Мајк со читачот за кредитни картички му се доближува на момче зад грбот и за три секунди успева да му земе пари од неговата картичка.