Потпечено пилешко со спанаќ

Потребни состојки:

600 грама пилешки гради (филе)
1 килограм спанаќ
2 лажици мешавина од зачини
1 главица кромид
1 лажица црвен пипер
масло
сол
црн бибер

 

Начин на подготовка:

Исечете ги пилешките гради на коцки, посолете ги, зачинете ги со мешавината од зачини, додајте бибер и пржете ги во тавче со загреано масло. Во тавче ставете 100 милилитри вода. Исечете ја главицата кромид на тенки ленти и додајте ги во тавчето на шпоретот. Уште еднаш зачинете со мешавина од зачини. Додајте црвен пипер и ставете уште 100 милилитри вода.

Пропрскајте керамички сад со малку масло и ставете внатре половина од претходно измиените листови спанаќ. Половина од содржината од тавчето префрлете го во керамичкиот сад. Одозгора ставете ги преостанатите листови спанаќ, па додајте ја и преостаната смеса од тавчето во садот. Поклопете го садот и ставете го во рерна. Печете 60 минути на 220 степени. Извадете го садот од рерна и послужете го. По вкус, може да додадете една лажица павлака или кисело млеко.

Scroll to Top