Откриени праисториски „Ромео и Јулија“ во гроб стар 5000 години?

Гроб стар 5000 години е пронајден во подрачјето на Караганда во Казахстан. Се смета дека во него се погребани праисториски „Ромео и Јулија“.

Во непосредна близина на древната љубовна двојка погребани се и два коња. Археолозите сметаат дека се жртвувани, пренесува „Дејли мејл“.

Покрај посмртните останки на мажот, биле пронајдени метален нож и врв од стрела. Веднаш покрај него во истата положба пронајден е скелет од жена погребана со накит, вклучувајќи зелена белезица украсена со полудрагоцен камен.

Археолозот доктор Игор Кукушкин изјавил дека постојат нејасностии во врска со односот меѓу нив двајца. Постојат нејаснотии и околу нивната смрт, смета Кукушкин. Тој изјавил дека заедничките погреби не биле реткост во тоа подрачје, но дека е нејасно како втората личност се нашла на самото место.

За Кукушкин останува нејасно дали станува збор за маж и жена или љубовници. Нивната смрт настанала во краток временски период, вели археологот. Досегашните истражувања покажале дека нема траги од насилна смрт и дека коњите биле убиени.

 

 

Scroll to Top