Властите на грчкиот остров Санторини одлучиле да ги заштитат маските и магариците кои по пеколните горештини ги пренесуваат туристите по острите патишта. Ваквата одлука била донесена по конфликтот на активистите за заштита на животните со сопствениците на маски и магариња.
Се наведува дека градските власти во саботата ги објавиле резултатите од успешниот состанок меѓу активистите и сопствениците на животни со цел почитување на правата и благосостојбата на симпатичните тврдоглави маски и магарици.
Кога на социјалните мрежи се појави снимка од газдите како ги тепаат своите магариња, бил организиран протесен собир на кој ситуацијата можела да ескалира. Кога страстите се смириле, властите објавиле низа мерки за заштита на магарињата.
The dark side of the Santorini donkeys…Donkey abuse. Don’t use Donkeys for transportation, do not allow to treat them like objects. Boycott Santorini Donkeys’ Business. Share & retweet please! #SaveSantoriniDonkeys pic.twitter.com/5D3iAlI7TK
— Alexandros Morellas (@A_Morellas) July 20, 2018
Животните во иднина ќе мора да бидат опремени со доволно храна и вода, како и одмор под сенка. Работните часови и носењето товар ќе им бидат ограничени. Сопствениците што нема да го почитаат тоа, ќе бидат казнети.
Во соопштението пуштено до јавноста се наведува дека стотина метри над морето на островот се наоѓа вулкански кратер. Островот е познат по белите куќи, а во последните години тешко се справува со сè поголемиот наплив на туристи.
Поради тоа, властите вовеле ограничување во бројот на крузери кои може тоа да си го дозволат, како и во бројката на присуство на посетители на островот.