Природни лекови против чешање од убод од комарци

Каснувањето од комарец скоро секогаш е дополнето со силно чешање, а понекогаш на местото каде што ве каснал комарецот може да се појави и оток. Сепак, постојат неколку намирници што секој ги има дома, а кои можат да послужат како природни лекови и да ви ги намалат тегобите.

Лимон

Овој цитрус има природни антиинфламаторни и анестетички својства. Тој е ефикасен за намалување на отокот по каснувањето од комарец. Пресечете го лимонот и втријте на местото на убодот. Можете да помешате и лимонов сок со босилок, па со памукче да ја нанесете течноста на каснатото местото.

Сода бикарбона

Содата бикарбона моментално го спречува чешањето од убодот од комарец. Растворите лажичка сода бикарбона во чаша вода, натопете памукче со растворот и држете го на местото од убодот 10 до 20 минути.

Лук и кромид

И лукот и кромидот можат да намалат оток и да го намалат чешањето по убодот од комарец. Измелете лук и кромид и смесата нанесете ја на каснатото место. По неколку минути измијте ја смесата од кожата.

Сол

Бидејќи има антиспетички и антиинфламаторни својства, солта е одличен лек против оток и чешање по убодот од комарец. Направите паста од сол и неколку капки вода и нанесете на местото на убодот. По неколку минути измијте го местото.

Мраз

Ниската температура го забавува преносот на отровите кои предизвикуваат оток, затоа држете мраз неколку минути на местото на убодот. Бидејќи со мразот ќе го вкочаните местото, нема да чувствувате чешање и болка.

Scroll to Top