Потребни состојки:
400 гр шпагети
1 главица кромид
1 конзерва (400 гр) сечкани домати
4-5 лажици сварена пченка
1 лажиче оригано
сол, бибер по вкус
1 конзерва туна во масло
по желба пармезан
Начин на подготовка:
Шпагетите сварете ги во посолена вода. Туната исцедете ја од маслото. Кромидот исечкајте го на тенки прстени и ставете го да се пржи на врело масло. Откако ќе зацрвени, ставете ги доматите и пченката, додадете оригано, посолете и ставете бебер по вкус. Оставете да се крчка на средна температура околу 5 минути па додајте ја туната. Сè заедно убаво измешајте и оставете да се загрее околу 1 минута. Ставете ги сварените шпагети во сосот, измешајте убаво и поросете ги со нарендан пармезан.