Двајца Шпанци го снимија моментот, додека голема лавина ги затрупа живи. За среќа Марта Брето и Тато Розес успеаа да ја преживеат оваа незгода криејќи се зад неколку карпи во нивна близина.
Една од камерите била вклучена и го снимила моментот кога голема маса снег ги прекрила двајцата авантуристи.
Марта и Тато, одлучиле снимката да ја претворат во документарец со наслов „Спомени од Чапурстан“, што го подготвуваат за издавање.