По првата победа на клупата на мексиканскиот второлигаш Дорадоса, Диего Армандо Марадона го доживеа и првиот пораз со новиот клуб. Овој пат Марадона тоа го дожвиеа прилично бурно.
Легендарниот Аргентинец на своето деби го победи тимот на Тапачул со 4:1, но овој пат беше поразен од Алебријес со 1:0. На Аргентинецот не му беше сеедно ваквиот пораз, иако резултатот не беше во прв план.
Марадона збесна, а голем број на лица се собраа на влезот во соблекувалната во обид да ја решат ситуацијата. Аргентинецот дури и му се закани на судијата дека ќе го пријави на ФИФА.