Ликот на познатиот цртан јунак Аладин, го оживеа руски имитатор низ улиците на Екатеринбург. Павел Ковалев решил да се преправи во ликот на својот омилен цртан јунак и на тој начин да ги забавува случајните минувачи во рускиот град.
Облечен во виолетов костим, на виолетов ќилим, тој „лета“ низ улиците на градот како вистински Аладин. Воодушевените луѓе се вратат околу него, се фотографираат.
Павел не лета на вистински летачки килим, туку на иверика под која има монтирано скирол.
„Со ова се занимавам затоа што сакам да им удоволам и да ги забавувам руските граѓани. На својот стајлинг ја додадов и ламбата на Аладин, за да бидам уникатен“, вели Павел.
За неговиот оригинален изглед допринесува и димот кој излегува од ламбата додека Павел „лета“ со килимот.