Русинот Раис Шамијевој и подигнал споменик на својата ќерка Рити, која погинала во сообраќајка, во форма на „Ајфон“. Рита настрадала во сообраќајна несреќа во 2016 година.
На предната страна на споменикот кој е висок 1,5 метри, стои ликот на покојната во природна големина. Од другата страна се наоѓа камерата и логото на „Ајфон“.
В России поставили памятник девушке в виде «айфона» https://t.co/3DbVDmzrwo pic.twitter.com/tW1JA16wQL
— InfoResist (@InfoResist) September 25, 2018
Работникот на гробиштата Николај Јевдокимов кога го забележал споменикот си помислил дека халуцинира.
„Се изненадив кога го видов американскиот паметен телефон на нашите гробишта. Беше огромен. Досега имам видено многу споменици, но вакво нешто никогаш досега немам видено“, изјавил Николај.
На башкирском кладбище нашли памятник девушке в виде огромного айфона https://t.co/3388i3KTeQ pic.twitter.com/OY9F4HGHMz
— Russia Moscow (@RussiaMoscow) September 26, 2018
Човекот кој го изработил овој бизаерен споменик засега не е познат. Но локалните жители се сомневаат дека станува збор за фирма која се наоѓа во Новосибирск, која и претходно изработувала вакви слични споменици.