(Видео) Русин и подигнал на ќерка му надгробна плоча во форма на „Ајфон“

Русинот Раис Шамијевој и подигнал споменик на својата ќерка Рити, која погинала во сообраќајка, во форма на „Ајфон“. Рита настрадала во сообраќајна несреќа во 2016 година.

На предната страна на споменикот кој е висок 1,5 метри, стои ликот на покојната во природна големина. Од другата страна се наоѓа камерата и логото на „Ајфон“.

Работникот на гробиштата Николај Јевдокимов кога го забележал споменикот си помислил дека халуцинира.

„Се изненадив кога го видов американскиот паметен телефон на нашите гробишта. Беше огромен. Досега имам видено многу споменици, но вакво нешто никогаш досега немам видено“, изјавил Николај.

Човекот кој го изработил овој бизаерен споменик засега не е познат. Но локалните жители се сомневаат дека станува збор за фирма која се наоѓа во Новосибирск, која и претходно изработувала вакви слични споменици.

Scroll to Top