Откриен кинески воен брод изгубен пред 100 години

Воен брод што носел огромно богатство и со децении се сметал за изгубен е пронајден на брегот на Кина. Археолошки тим што неколку години трагал по него открил златна дрвена плоча со неговото име „Џингуан“, соопштиле од  Управата за културно наследство на Кина.

Бродот е изграден во бродоградилиштето „Вулкан“ во Германија, а закотвен е во една од кинеските поморски флоти во доцните 1880-ти години. Исчезнал во морето за време на првата Кинеско-јапонска војна во септември 1894 година. Потонал во Жолтото Море заедно со уште три воени брода.

Откако е потврдено за кој брод станува збор, археолошкиот тим го скенирал морското дно за да ја утврди точната локација на длабочина од 12 метри. За време на процесот биле отстранети тони песок, а утврдено било дека бродот бил превртен наопаку. Сепак, археолошкиот тим добил дозвола за ископување на неговата содржина.

Членовите на тимот соопштиле дека на бродот се наоѓаат повеќе од 500 вредни и значителни предмети, вклучително и керамика, стока од кожа и други работи.

Откриени се и парчиња од стара муниција. Експертите сметаат дека со откривањето на овој брод ќе може да се проучи и да се дознае многу повеќе за светската поморска историја.

 

Scroll to Top