Актерката Ева Лонгорија (43) само три месеци по породувањето се врати во јавноста, на ревијата на козметичкиот бренд „Лореал“, чие заштитно лице е одамна. Ѕвездата на „Очајни домаќинки“ никако да ослабе и постојано се жали дека мака мачи со килограмите .
Актерката, која пред три месеци го роди синчето Сантијаго Енрике, зачекори на модната писта во Париз за време на Модната недела заедно со Енди Мекдауел, Марија Боргес, Ел Фенинг и Лија Кебебе.
„Лореал“ за првпат во историјата направи ревија на пловечка платформа на реката Сена.