Брзо јадење, кое се приготвува во едно тенџере, без потреба од посебно подготвување сос, туку мешате сè заедно и чекате само да се свари.
Најпрво водата, заедно со солта и малку масло, оставаме да зоврие, ги додаваме шпагетите и доматите исечкани на половинки, а кромидот на долги ленти. Додаваме и зачини и неколку чешниња лук (оставете ги цели, за да може да ги отстраните ако не сакате да се чувствува многу вкусот на лук).
Варете на тивко и кога ќе почне веќе да се намалува водата почесто мешајте.
Ако сметате дека шпагетите не се доволно варени, додајте уште малку вода.
200 гр шпагети
3 чаши вода
3 чаши шери домати
1 главица кромид
2-3 чешниња лук
по потреба масло, сол
зачини копар, оригано