Шпагети со шери домати

Брзо јадење, кое се приготвува во едно тенџере, без потреба од посебно подготвување  сос, туку мешате сè заедно и чекате само да се свари.

Најпрво водата, заедно со солта и малку масло, оставаме да зоврие, ги додаваме шпагетите и доматите исечкани на половинки, а кромидот на долги ленти. Додаваме и зачини и неколку чешниња лук (оставете ги цели, за да може да ги отстраните ако не сакате да се чувствува многу вкусот на лук).

Варете на тивко и кога ќе почне веќе да се намалува водата почесто мешајте.

Ако сметате дека шпагетите не се доволно варени, додајте уште малку вода.

200 гр шпагети

3 чаши вода

3 чаши шери домати

1 главица кромид

2-3 чешниња лук

по потреба масло, сол

зачини копар, оригано

Scroll to Top