Ова е една од оние вкусни и лесни есенски рецепти, од кои цела кујна ќе ви мириса на убавини!
Долно тесто
250 гр брашно
100 гр ладен путер
3 лажици ладна вода
3 лажици јогурт
2 лажици шеќер кристален
1 ванилин шеќер
1 лажичка пециво
Фил
6 средни црвени јаболки
3 лажици мед
1 лажичка цимет
1/2 лажичка морско оревче
50 гр сецкани ореви
80 гр мелени ореви
2 лажици гриз
Горно тесто
100 гр мелени ореви
150 гр меко брашно
3 лажици шеќер
100 гр ладен путер
- Првои изрендајте ги јаболките, ставете мед и зачини и оставете ги да пуштат вода и да се исцедат. Најдобро е да се стават во цедалка.
- Состојките за долното тесто ставете ги во сецкоили блендер и кратко промешајте, додека да се добие ситна песоклива смеса. Тестото кратко размесете го низ раце и формиратје топче. Ставете го во стреч фолија, а потоа во замрзнувач, на половина час.
- Расукајте кора на хартија за печење со големина на тавчето.
- Во исцедените јаболки, додадете ги мелени ореви и гризот и убаво промешајте. На крај ставете ги и сецканите ореви. (Може наместо мелени ореви да се користи презла). Распределете ги јаболките врз тестото во тавчето и притиснете ги малце.
- Состојките за горното тесто ставете ги во бленедерот и на кратко промешајте додека да добиете песокливо тесто. Наросете го тестото низ раце врз јаболките. Благо притиснете за да малце се залепат трошките тесто.
- Се пече во загреана рерна на 180-200 степени, околу 20тина мин, односно да зарумени кората.
- Печената пита се остава малце да се излади во тавата и пота со помош на хартијата за печење, се вади и се посипува со шеќер во прав. Се сече на правоаголни штангли, со димензии по избор.