Пита со јаболки, мед и ореви

Ова е една од оние вкусни и лесни есенски рецепти, од кои цела кујна ќе ви мириса на убавини!

Долно тесто

250 гр брашно

100 гр ладен путер

3 лажици ладна вода

3 лажици јогурт

2 лажици шеќер кристален

1 ванилин шеќер

1 лажичка пециво

Фил

6 средни црвени јаболки

3 лажици мед

1 лажичка цимет

1/2 лажичка морско оревче

50 гр сецкани ореви

80 гр мелени ореви

2 лажици гриз

Горно тесто

100 гр мелени ореви

150 гр меко брашно

3 лажици шеќер

100 гр ладен путер

  1. Првои изрендајте ги јаболките, ставете мед и зачини и оставете ги да пуштат вода и да се исцедат. Најдобро е да се стават во цедалка.
  2. Состојките за долното тесто ставете ги во сецкоили блендер и кратко промешајте, додека да се добие ситна песоклива смеса. Тестото кратко размесете го низ раце и формиратје топче. Ставете го во стреч фолија, а потоа во замрзнувач, на половина час.
  3. Расукајте кора на хартија за печење со големина на тавчето.
  4. Во исцедените јаболки, додадете ги мелени ореви и гризот и убаво промешајте. На крај ставете ги и сецканите ореви. (Може наместо мелени ореви да се користи презла). Распределете ги јаболките врз тестото во тавчето и притиснете ги малце.
  5. Состојките за горното тесто ставете ги во бленедерот и на кратко промешајте додека да добиете песокливо тесто. Наросете го тестото низ раце врз јаболките. Благо притиснете за да малце се залепат трошките тесто.
  6. Се пече во загреана рерна на 180-200 степени, околу 20тина мин, односно да зарумени кората.
  7. Печената пита се остава малце да се излади во тавата и пота со помош на хартијата за печење, се вади и се посипува со шеќер во прав. Се сече на правоаголни штангли, со димензии по избор.
Scroll to Top