Потребни состојки:
За корите
100 грама путер
80 грама мед
1 лажичка прашок за печиво
450 грама брашно
3 јајца
150 грама шеќер
За кремот
500 грама кисела павлака
240 милилитри слатка павлака
200 грама шеќер во прав
екстракт од ванила
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови. Изматете ги јајцата со шеќерот додека смесата не стане пенеста, па додајте путер и мед. Загревајте на пареа додека путерот не се истопи целосно. Постепено додавајте го брашното и прашокот за печиво и мешајте го тестото.
Префрлете го тестото на површина наросена со брашно и поделете го на осум еднакви делови кои ќе ги обликувате во топчиња. Развлечете го секое топче и направете тркалца со помош на калап, па избодете ги со вилушка. Остатокот од тестото од секое тркалце тргнете со на страна. Ставајте ги корите една по една да се печат во рерна околу 7-8 минути додека не добијат златна боја. На крај, испечете го и остатокот од тестото, па издробете го кога ќе добие златна боја.
За кремот измешајте слатка павлака, екстракт од ванила и шеќер и изматете со миксер. Додајте кисела павлака и промешајте. Ставете ја првата кора на чинија, па премачкајте ја со фил. Повторувајте го тоа додека не го потрошите материјалот, а со вишокот фил премачкајте ја целата торта. На крајот, наросете ја тортата со издробените остатоци од кората и оставете ја во фрижидер да отстои една вечер.