Џејкоб Форд од Велика Британија се бори против одлуката на управата на неговото школо за забраната за носење на големи ранци на часовите. Ваквата одлука стапила на сила за да се спречат повредите кои си ги нанесуваат помалите ученици.
Џејкоб одбил да ја испочитуваа оваа одлука, па бил суспендиран од наставата два дена. Тој извел тивок протест кога во школото пристигнал со плетена корпа, па дури и микробранова печка.
Ученикот своето мислење го изнел во официјалниот документ кој го испратил до директорот Стивен Вилкинсон и дручите членови во училишниот одбор.
Тој се осврнал на причините кои довеле до ваквата забрана, како што се здравјето и безбедноста.
„Тие како причина за оваа забрана го навеле здравјето и безбедноста. Истакнале дека истата е донесена поради децата кои во ходниците се здобиле со повреди од големите торби. Не се сомневам дека тоа се случува, но сметам дека може да се направи некаков компромис, наместо да се забранат носењето на големи ранци“, изјавил Џејкоб.
Тој навел дека забраната за носење и користење на ранци постоела и во изминатите 25 години, но дека никој не ја почитувал, пренесува „Мирор“.
Тој навел дека ова ново правило може учениците да ги чини пред се нивното здравје но и пари, затоа што веројатно, повеќето ќе мораат да издвојат многу пари за да купат нови торби, кои одговараат на прописите.
Мајката на Џејкоб, Трејси Форд смета дека протестот на нејзиниот син бил мирен и верува дека нејзиното дете ова морало да го произнесе во јавноста.
Истакнала дека таа е горда на него и поради тоа што застанал на страната на тоа во кое верува.
Повеќето родители се согласиле дека ваквата забрана е смешна и дека би требало да се укине, затоа што децата имаат многу книги кои ги носат во школото, па најлесно е да се носат во ранецот.
Службите во школото не сакале да го коментираат овој случај.