Русин кој украл автомобил од црква во Санкт Петербург во Русија, бегајќи и на полицијата бил погоден од гром среде автопат. Видеото било снимено од камерата на еден случаен возач кој се нашол на местото на несреќата.
Крадецот со голема брзина ги престигнувал возилата кои ќе му наишле на патот. Во моментите кога го погодил громот, настанала експлозија, а големи делови од возилото се разлетале по патот.
Дел од оние кои ја виделе снимката коментирале дека крадецот го снашла божја казна за злосторот кој го сторил во дворот на црквата.