Светската ѕвезда Џенифер Лопез вчера го промовираше новиот спот за песната Te Guste, која ја сними во соработка со Бад Бани. Песната за еден ден има преку 7 милиони прегледи.
„Џенифер нема 50, туку 25 години. Каква кралица“, „Оваа жена не старее“, „Какво тело, толку е секси“, се само дел од комплиментите под видеото. Џренифер во некои од сцените носи жолто бикини, а во други е во црвена долна облека, легната во кревет. Фановите велат дека ова е едно од нејзините најпровокативни видеа.