Поп-пејачот Даниел Кајмакоски за Нова година ќе пее во Будва, Црна Гора. Тој веќе има договорено настап во познатиот ресторан “Дакли” кој се наоѓа на самата плажа. Забавата со Кајмакоски, на страницата на ресторанот е наречена “Полноќ во Париз”. Освен Даниел, во Будва настапува групата “Блекберис бенд” кои свират поп, џез и боса нова.
Откако се ожани и стана татко , Кајмакоски поретко настапува. Неодмна настапи на концертот посветен на Тоше Проески, во Скопје, кога со словенката Ања Рупел ја отпеаа “Крајње време”.