Српската пејачка Ивана Селаков вчера го роди своето прво дете, ќерка која ќе се вика Круна. Таа се породи во приватна болница во Белград. Веднаш по породувањето Ивана објави слика од бебето.
„Добар ден свету. Јас се викам Круна Мирковиќ. Имам 3450 грама и моите родители ме сакаат најмногу на свет“, напиша пејачката.
Поранешната пејачка на групата „Бјути квинс“, која неколку години е во врска со Предраг Мирковиќ, откако остана бремена откри дека забременила со ин-витро.