Над стотина луѓе денеска се појавија на гробиштата во Белград, каде што беше погребана Марија Ќурчиќ, девојката која на 11 ноември околу 23 часот изврши самоубиство во станот што го изнајмувала.
Покрај семејството, бројни нејзини пријатели, колеги и познаници пристигнаа на гробиштата за последен пат да се простат од неа. Марија била во добри односи со голем број млади глумци.
Манекенката наводно се обесила во нејзиниот стан, а безживотното тело го нашле нејзините родители, откако не одговарала цел ден на повиците. Иако сè уште нема потврдени информации за причината на самоубиството, српските медиуми денес пишуваат дека наводно причина за ова биле љубовни проблеми.
Неодамна таа ја раскинала долгогодишната врската со момчето, а бидејќи тоа тешко го поднела, се претпоставува дека тоа е причината за самоубиството. Неколку дена пред да се обеси, таа снимила реклама со Роналдињо.
Марија била заштитно лице на многу клубови, снимала спотови и реклами. Студирала односи со јавноста на Универзитетот „Џон Нисбит“, а била и новинар водител.