Џон Чау е 27 годишниот Американец кој минатата недела бил убиен од страна на домордци кои со векови опстоиле на изолираниот остров Сентинел кој се наоѓа во Индискиот океан.
Џон кој бил авантурист, сакал да го истражи агресивното племе кое од своето постоење немало ников контакт со цивилизацијата.
Џон знаел дека пристапот до овој остров е илегален и забранет. Властите сакале да го сочуваат ова племе, за кое сметаат дека веднаш би било уништено од современите бацили и вируси.
Веднаш откако го забележале домородците со стрели го усмртиле Џон, а потоа неговото тело го влечеле низ островот славејќи победа.
Friends of American missionary John Allen Chau, who is believed to have been killed by inhabitants of the North Sentinel Island off the coast of India, are calling him a martyr for the Christian faith https://t.co/Fsf19SqYAH
— CNN International (@cnni) November 22, 2018
Властите одбиваат да превземат одговорност, затоа што Џон се упатил кон островот на свој ризик, избегнувајќи ги сите можни проверки.
Се претпоставува дека племето има околу 150 припадници. Ниту индиската морнарица не се обидува да се приближи до овој остров. Секој кој ќе се доближел, домородците го сметале за непријател.
„Одбиваме да го наречеме турист. Вистина е дека пристигнал со туристичка виза, но имал за цел да проповеда на забранет остров“, изјавил Депендра Патак, шефот на полицијата на островот Андаман и Никобар.