145 кита починале на плажите во Нов Зеланд

145 кита починале откако претходно се насукале на плажите на островот Стјуарт во Нов Зеланд. Животните биле пронајдени од случаен минувач на плажата Мејсон, пренесува Би-би-си.
Властите соопштиле дека половината од китовите кога биле пронајдени веќе биле мртви, додека за другите било предоцна за да се направи што било за да се спасат.
Големото растојание, недостигот на персонал и лошата состојба на китовите биле причина за неможноста да се направи нешто повеќе за овие животни. Најхумано било да бидат еутанизирани, изјавиле локалните власти.

Насукувањето на китовите не е невообичаена работа на овие простори. Во Нов Зеланд поради насукување на плажите годишно се случува да починат околу 85 кита.

Во повеќето случаеви се насукува по едно животно, а не цела група. За време на викендот 12 кита се насукале на северот на островот Норд. Четири од нив починале. Постои надеж преостанатите осум да бидат спасени, велат надлежните.

 

Scroll to Top