Озлогласениот мексикански наркобос Хоакин Гузан, познат како Ел Чапо, бил толку богат што во неговото лично богатство било заведено дека поседува приватна зоолошка градина, куќа на плажа во вредност од околу 10 милиони долари, а откриени се и патувања во Швајцарија, каде Чапо бил подложен на третмани за подмладување.
Деталите за неговото богатствo биле претставени на судењето, а за тоа сведочел и Мигел Анхел Мартинез, некогаш и сам член на Сиалоа, картелот на Ел Чапо.
„Имал плажа и имот во секоја држава“, изјавил Мартинез велејќи дека лагодниот живот следел по кокаинскиот бум во 90-тите години од минатиот век.
Сведокот објаснил дека картелот Синалоа криумчирал тони кокаин во САД. Криумчарењето се одвивало низ подземни тунели на границата, во камиони, па дури и во лажни конзерви за пиперки.
— Latin American News (@Lat_Am_News) November 27, 2018
Од спротивен правец стигнале милиони долари во кеш. Најголемиот дел од парите завршиле во Тихуан, каде Ел Чапо ги испраќал своите три приватни авиони секој месец, за да ги земат парите.
Картелите користеле куќи за криење на парите, а сандаците наполнети со американски долари ги носеле во банки, чии вработени биле подмитувани за без никакви прашања да ги променат во пезоси.
Мартинез понатаму објаснува дека Гузман поседувал куќа на плажа во Акапулко, која имала мал воз со кој можело да се направи обиколка околу имотот за да се видат лавовите, тигрите и пантерите.
Ел Чапо се гледал со четири до пет жени во исто време. Имал голема желба и да патува. Безгрижното време го трошел во војната со своите ривалски картели. Тим на платени убијци биле испратени на аеродром во Гвадалахар за да го убијат, но безуспешно.
Адвокатот на Гузман изјавил дека Мартинез не бил кредибилен сведок, затоа што користел кокаин во големи количини, што дури и носот му бил сериозно оштетен.
„Вистина е дека земав по 4 грама секој ден, но кокаин не сум пробал веќе 20 години“, признал Мартинез.
Од 1989 година до 2014 година картелот Синалоа прокриумчарил 154.626 килограми кокаин во САД, но и хероин, метамфетамин и марихуана во вредност од 14 милијарди долари. Ел Чапо беше уапсен во 2016 година, во Мексико, а подоцна бил испорачан во САД, каде меѓу останатото му се суди и за трговија со дрога.