Потребни состојки:
200 мл вода
2 лажици густин
5 лажици шеќер
65 гр маргарин
50 гр бело чоколадо
150 гр кокос
50 гр мелени бисквити (посни)
1 пакетче ванила
За декорација
50 гр кокос
50 гр цели лешници печени
Начин на подготовка:
Водата, шеќерот, ванилата и густинот се варат во густ крем. Се трга кремот на страна и во него се додава чоколадото, па се меша да се растопи. Кремот се лади и потоа во него се додава претходно изматениот магарин. Се додаваат и кокосот и мелените бисквити и се заедно се соединува. Се прават бомбици, а во секоја од нив се става по еден цел лешник. На крај се валкаат во кокос.